fbpx
B2B ИП Таргетирање/ B2B IP Targeting
B2B

B2B IP-таргетирање

Што е B2B IP-таргетирање?

B2B IP-таргетирање е метод на дигитален маркетинг кој на вашите кампањи им дава супер-моќ, да се фокусира на една компанија, клиент, област и слично. Посебно е полезно во B2B продажбата, бидејќи многу прецизно се таргетира конкретна компанија (која сакате да стане ваш клиент), и целиот буџет го фокусирате без непотребни губитоци.

Како функционира B2B IP-таргетирањето?

B2B IP-таргетирањето овозможува прикажување на вашите реклами на луѓе кои пристапуваат кон интернетот од ИП адресите на специфични компании, вашата таргет група. На пример, можете да прикажувате реклами на вработените во Телеком кога тие посетуваат интернет страници или блогови од нивните компјутери, телефони и таблети. За разлика од колачињата(browser cookies), ИП адресите не можат да се избришат или блокираат, па можете постојано да ја таргетирате вашата целна публика. Ова им дава супер-моќи на вашите реклами, а на вас останува само да ја погодите нивната соджина! И да, колачињата (cookies) за некое време ќе исчезнат комплетно, како што е и најавено.

Зошто IP-таргетирањето е иднината на B2B рекламирањето?

Повеќето платформи за рекламирање се дизајнирани за B2C клиенти, овозможувајќи ви да таргетирате по возраст, пол, локација и повеќе. Ова функционира за потрошувачки производи, но не е толку ефективно за B2B продажбата. За B2B продажба се потребни други алатки.

Како се примени вашите рекламни пораки кај потенцијалниот клиент?

Со ИП таргетирањето можете да видите кои компании ги гледаат вашите реклами, како и начинот на кој респондираат на вашите пораки. Можете да следите колку пати некоја компанија кликнала на вашите реклами, колку се задржала на нив и сл. Можете да видите која порака кореспондира со целната публика. Доколку ги знаете предизвиците и болките на таргет компанијата, можете да креирате многу персонализирана порака и реклама!

Тимот на Клевер Маркетинг ви стои на располагање!

Интересно? Прочитај повеќе за дигиталниот маркетинг тука.

Call Now Button