Pay-Per-Click - Поврзување на купец со продукт
Сите знаеме дека кога ни треба нешто, најлесен начин да стигнеме до потребната информација е да “изгугламе”. Кога бараме продукти на Google, на страницата со резултати (SERP-Search Engine Result Page) многу често можеме да видиме “Спонзориран” резултат помеѓу останатите резултати. Ова се должи на маркетинг моделот на GOOGLE (како и МЕТА) кој дозволува да се појавите на првата страна доколку си платите. Колку ќе платите за да се појавите на првата страна зависи од неколку фактори, кои зависат од вашиот труд и од трудот на конкуренцијата. Станува збор за квалитетот на рекламите, оптимизацијата на сликите и содржината, како и релевантноста на рекламата во однос на тоа што го бара потенцијалниот клиент. Ако не знаете што правите, можете и сите пари на светот да ги потрошите и пак да не добиете клиент.
Овој модел на рекламирање дефинитивно треба да го оставите на професионалци, а можеби треба и да истражите кои се тие што ви се претставуваат како професионалци. Ние во Клевер Маркетинг знаеме што правиме и секогаш се бориме за првото место на страната со резултатите! … на најнизок можен буџет!
Маркетинг Анализа
За успешна (и поевтина) PPC кампања, потребна е детална анализа на вашиот бизнис, на вашите досегашни маркетинг активности, како и доста шпионирање на вашата конкуренција. Алгоритмот на платформите за рекламирање наликува на аукција, а за вас да ве чини помалку таа аукција, од круцијално значење е да знаете какви трикови користи конкуренцијата. Ова се дознава со платени алатки и е клуч за успехот на вашите PPC кампањи.
Припрема на Реклами
За успешна и привлечна реклама потребна е креативност, анализа и техничка оптимизација. Бидејќи Google и META се фокусирани на корисничкото искуство, истите ќе ги приотетизираат најдобрите реклами, и истите ќе бидат пласирани пред публиката за поевтино. Значи квалитетот на рекламата е пресуден за поевтино рекламирање и победата во аукцијата за вниманието на публиката.
Стабилизирање и Константност
За да се добијат резултати во маркетингот, потребни се 2-3 месеци од аналитика и подесувања. Кога ќе се подеси рецептурата за рекламата на вашиот бренд, тогаш се случуваат чуда. Бизнисот цвета, рекламите стануваат поевтини и повратокот на инвестицијата е повеќе од 200%. Дигиталниот маркетинг е игра на долги стази и е неопходен за секој сериозен бизнис.