fbpx

Колку чини една веб-страница?

Ова е најчесто прашање што го добиваме од нашите клиенти кои немаат сваоја веб-страница. Главните фактори кои ја одредуваат цената за изработка на веб-страницата се елаборирани во текстот подолу. Пред да донесете било каква одлука околу понудите што сте ги добиле, треба да ги ставате на кантар односот помеќу понуденото и добиеното, како и повратокот на инвестицијата (ROI).

Цената на креирањето на веб-страницата за вашиот бизнис ќе зависи од следниве фактори:

  • Цена на домен и хостинг.
  • Волумен на содржина.
  • Дизајн и број на под-страници.
  • Функционалности.
  • Број на јазици.
  • Оптимизација за SEO и брзина.

Ајде да ја разгледаме секоја ставка поединечно за да дознаеме малку повеќе информации за ставките што влегуваат во трошоците.

Хостинг и домен

За да може вашата страница да биде достапна онлајн, потребен ви е домен. При изборот на домен, мора да се земе предвид дека некои домени се веќе искористени. Секогаш можете да се одлучите за домен кој завршува со .com, .com.mk, .mk, .net, .org итн., а цената зависи од самиот домен, па годишната цена може да се движи од 600 денари до неколку илјади денари.

Покрај доменот, уште една важна ставка за да ја направите вашата веб-страница достапна е местото каде што ќе се наоѓа, односно хостинг. Цената на хостинг зависи од потребите на веб-страницата, количината на ресурси, базата на податоци, сообраќајот, адресите на е-пошта итн. Основните пакети се од 3000 денари годишно па нагоре.

Содржина

Суштинска ставка пред да започнеме со креирањето на вашата веб-страница е дали веќе имате готова содржина за истата, или треба да се креира? Под содржина подразбираме текстови, лого, фотографии, видео материјали и сл. Овие се клучен дел од креирањето на самиот дизајн на веб-страницата, и бара човечки ангажман. Доколку е потребно да се генерира содржина, тогаш тоа влијае на крајната цена за креирање веб-страницата. Доколку немате подготвена содржина, не грижете се, можеме да ви помогнеме и во тој случај.

Дизајн и број на под-страници

Самиот дизајн прави голема разлика во цената. Ако сакате поевтина опција, секогаш можете да изберете еден од шаблоните во WordPress кој ќе го прилагодиме на вашата содржина и цел. Ова е одлична опција ако ви треба веб-страница која ќе биде подготвена брзо и ќе служи беспрекорно. Ако сепак, сакате дизајн кој е целосно прилагоден на вашиот визуелен идентитет, тогаш таквата страница ќе биде значително поскапа. Секако, секоја веб-страница треба има дизајн и перформанси за одличен приказ на сите електронски уреди.

Друга работа што влијае на цената за креирање веб-страницата е бројот на под-страници. Вие самите претпоставувате дека веб-страница со само насловна страница не чини исто како веб-страница со 5 под-страници. Секоја дополнителна под-страница ја зголемува цената.

Функционалности

Секоја веб-страница има различни барања во однос на количината на содржина, бројот на под-страници, и нивните функционалности. Функционалности како календари за резервации, услуги за разговор, интернет плаќања, интернет-продавница и сл., ќе ја зголемат сложеноста и ќе бараат повеќе време за креирање.

Или просто кажано: Повеќе функционалности = повисока цена.

Број на јазици на веб-страницата

Вашиот веб-страница сигурно ќе има содржина на еден јазик, а тој јазик зависи од вас и од вашата целна публика. Ако вашиот целен пазар бара дополнителни јазици (покрај основниот), ова ги зголемува трошоците за креирање веб-страницата. Секој дополнителен јазик на веб-страницата ја зголемува цената за работна рака за приближно 20-40% од вкупната цена на еднојазичната страна, а самиот превод на содржината не е вклучен во цената на креирањето, туку само додавање на преведена содржина на веб-страницата. Во истата цена не е вклучен и додатокот кој треба да се купи за да се овозможи професионално преведување на веб – страницата.

SEO и оптимизација за брзина

SEO-оптимизација е клучен фактор во вашиот интернет-бизнис, бидејќи одличниот дизајн и релевантната содржина се од мала корист доколку никој не може да ве пронајде. SEO-оптимиацијата е начин на тн. бесплатно рекламирање на вашата веб-страница. Лицето кое пребарува информации на интернетот може да ве пронајде без да платите за реклама, и доколку нудите релевантна содржина и функционалнот преку вашата веб-страница.

Со цел вашата веб-страница да биде што подобро позиционирана кај пребарувачите на интернетот,  одреден дел од вашиот буџет треба да биде инвестиран во SEO-оптимизација. На долгорочен рок органскиот сообраќај ќе ви ги намали трошоците за рекламирање.

Значи, колку чини една веб-страница?

Се надеваме дека барем успеавме да ве доближиме и да ги разјасниме ставките кои влијаат на цената на креирање веб-страница, а доколку сè уште ве интересира точната цена за креирање веб-страница, слаободно контактирајте не директно: contact@clever.mk или +389 78 408 668.

За повеќе инфо околу дигиталниот маркетинг притиснете тука!

Call Now Button