fbpx

Што се гласовни пребарувања со Siri и GoogleAssistant?

Гласовни пребарувања со Siri и GoogleAssistant се метод на добивање на информации со помош на гласовните команди овозможени од IOS и Android. Оваа опција луѓето најчесто ја користат кога се во движење, дур возат или дур работат нешто. Преку 70% од Американците користат гласовно пребарување, а овој тренд станува се поприсутен и во Македонија.

Зошто се важни гласовните пребарувања со Siri и GoogleAssistant?

Човековиот род континуирано бара методи за олеснување на животот и работата, а гласовното пребарување е еден од нив. Паметните звучници и софтверите на Google и Apple се подобруваат со секоја нова генерација на хардвер и софтвер, така што маргината на грешка кај резултатите е многу мала.

Како функционираат гласовните пребарувања со Siri и GoogleAssistant?

Резултатите на гласовните пребарувања најчесто се базирани на локација. Клучни фактори ќе бидат локацијата на бизнисот, физичкото растојанието, но и релевантноста на вашиот бизнис. Доколку имате неконзистентни податоци, вашиот бизнис може и да не се покаже како резултат на гласовното пребарување.

Како да се оптимизирате за гласовните пребарувања со Siri и GoogleAssistant?

  • Напишете релевантен одговор кој ќе изгледа како вистинска личност да го изговорила
  • Трудете се да добиете одличен рејтинг од клиентите и од интернет пребарувачите.
  • Вашиот бренд треба да има авторитет и да е присутен на Google Business Profile, Google Maps, Apple Maps, итн.
  • Информациите за вашиот бренд треба да се конзистентни насекаде(тел.број, адреса, раб.време итн).

Гласовни пребарувања со Siri и GoogleAssistant и импактот врз вашиот бизнис

Клиентите кои го посетиле вашиот бизнис и имале позитивна комуникација со него, ретко ќе остават позитивна рецензија на Google Maps, Yelp и слично. Но бидете сигурни дека веднаш ќе остават негативна рецензија доколку имаат негативно искуство со вашиот бренд . Следете го вашето реноме за да бидете релевантни при гласовните пребарувања и работете на тоа да имате подобар рејтинг од локалната конкуренција!

Тимот на Клевер Маркетинг ви стои на располагање!

Интересно? Прочитајте повеќе статии тука!

Call Now Button