Социјални мрежи - Централно место за рекламирање на вашиот бренд

Социјалните мрежи се појдовна точка за рекламирање на секој бренд. Деновиве сите се чувствуваме како креатори, способни да креираме нешто убаво, нешто што безгрешно ќе го промовира нашиот бренд (како приватниот, така и професионалниот). Бидејќи сме човечки суштества и обожуваме да се заљубуваме во нашите креации, најчесто нашите креации не резонираат со пошироката публика која ние ја таргетираме. Нашата перцепција за нашиот бренд е многу субјективна, а публиката пак е многу објективна, и резултатите многу често се различни од посакуваните.

Доколку вистински сакате да видите како резонираат вашите пораки со пошироката публика, потребна ви е аналитиката од Мета бизнис порталот поврзан со вашиот профил. И пред се, клучно е да створите публика која ќе ги гледа вашите пораки!

some-alt
Дизајн

Сите луѓе се примамени од естетиката на производот кој го купуваат. Едноставно луѓето сакаат да купуваат убави нешта. Во овој случај вашиот пост на соц. мрежи е производот, а вниманието на публиката е платежното средство. Уникатниот дизајн и содржина на вашите постови ќе привлекува внимание, кое подоцна ќе се конвертира во вредност, следбеници на соц.мрежи или пак продажба на вашите продукти. Во секој случај, публиката не треба да биде рамнодушна кон вашите постови и бренд!

some-alt
Стратешки напишани содржини

Тригерот на посетеноста на вашиот пост на соц.мрежи најчесто ќе биде графичкиот дизајн на постот, меѓутоа пораката во вашата содржина мора да биде концизна, да резонира со публиката и да повика на акција. И секако, детална аналитика е неопходна за да се установи кои пораки резонираат со публиката, а кои не. Сите сме корисници на соц.мрежи и се чуствуваме како професионалци, но треба да разбереме дека професионалните постови се разликуваат од личните и дека за нив треба да се посвети многу повеќе време и внимание!

some-alt
Професионално водење на профили

Професионалното водење на бизнис профилите на брендовите присутни на соц.мрежи е се почеста појава. Едноставно публиката или некој од страна гледа објективно на вашиот продукт. Како луѓе, многу често сме заљубени во нашите проекти, продукти, креации, постови на соц.мрежи и тн. Меѓутоа не може се да се постигне под еден кров, од еден ист тим. Интернет технологиите и трендовите се менуваат константно, и ќе ви требаат “пар свежи очи” за да останете свежи во очите на публиката!

Консултирајте се со Експерт

Please enable JavaScript in your browser to complete this form.