Социјалните мрежи и вашиот бизнис
Социјалните мрежи станаа задолжителен дел од дигиталниот маркетинг. Многу луѓе секојдневно ги користат за различни цели, а за вашиот бизнис тие претставуваат едноставен, брз и ефикасен начин за да дојдете до нови клиенти. Денес постојат многу мрежи, а на вас е да ја изберете најдобрата за промоција на вашиот бизнис. Маркетингот на социјалните мрежи стана неопходен, како за промоција, така и за комуникација на вашиот бизнис со клиентите.
Што велат бројките?
Во моментов во Македонија Facebook има 1.4 милиони корисници, а Instagram околу 870 илјади. Голем дел од овие корисници просечно поминуваат по 3, па и повеќе часа дневно на тие платформи. Со креативност, труд и правилна аналитика, дел од овие корисници ќе дознаат за вашиот бренд и ќе ви станат клиенти.
Клучни точки во присуството на ВАШИОТ БРЕНД на социјалните мрежи?
1. Јакнење на вашиот бренд и создавање на лојална публика:
– Вашиот бизнис треба да има присуство на мрежите за комуникација и продажба.
– Креирајте интересна содржина за јакнење на брендот и лојалноста на корисниците.
2. Голема публика:
– Во моментов постојат над 5 милијарди корисници на соц. мрежи.
– Фокусирајте се на вашата целна публика, во Македонија или пошироко.
3. Зголемување на сообраќајот на вашата интернет-страница:
– Споделувајте содржини од вашата интернет страница на мрежите, за да си ја зголемите посетата.
– Повеќе сообраќај значи подобро рангирање и органски сообраќај, т.е бесплатен маркетинг.
4. Поволно Огласување:
– Огласувањето на мрежите е релативно евтино со можност за следење и анализа.
– Ефикасно таргетирање на публиката за раст на бизнисот.
Маркетингот на соц. мрежи бара посвета, професионалност, како и многу аналитика. Ако сте сериозни за вашиот бизнис, овој сегмент ќе го оставите на професионалците!
Тимот на Клевер Маркетинг ви стои на располагање!
Keywords/Клучни зборови
- Social networks/Социјални мрежи
- Digital marketing/Дигитален маркетинг
- Brand strengthening/Јакнење на брендот
- Large reach/Голем досег
- Increase in traffic/Зголемување на сообраќајот
- Affordable advertising/Поволно огласување
- Target audience/Целна публика
- Organic traffic/Органски сообраќај
- Website ranking/Рангирање на интернет страница
Прочитај следно: Hey Siri/Hello Google